Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја промовираше платформата за интернет продажба на влезни билети за натпреварите на репрезентациите, која фановите ќе можат да ја пронајдат како eticket.ffm.mk
– Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.
Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поразлично фудбалско искуство- стои во соопштението.

