Напаѓачот Бенјамин Шешко од РБ Лајпциг се наоѓа пред трансфер во англиската Премиер лига, пишува „Скај Германија“.
Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем се водечки кандидати за потписот на словенечкиот интернационалец, кој е под договор со германскиот клуб до летото 2029 година.
Арсенал во изминатите два преодни рока покажуваше сериозен интерес за Шешко, но тој имаше вербален договор со Лајпциг да остане до ова лето.
Шешко, кој годинава има девет гола на 23 натпревари во Бундеслигата и 17 во сите натпреварувања, има ослободителна клаузула и трансферот најверојатно така ќе се случи. Според Скај Германија, неговите права може да се купат за сума меѓу 60 и 75 милиони евра.
Скај Германија додава дека Тотенхем има најмалку шанси да потпише со Шешко

