Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски, вечерва по 20.30 часот ќе настапи во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала во Апелдорн, Холандија. Синоќа во квалификациите, Трајковски со нов македонски рекорд од 7.85 метри успеа да го освои 7. место и да избори место меѓу финалистите кои денеска ќе се борат за медалите.
Со трите скока вчера, Трајковски влезе во историјата на македонската атлетика, па вечерва очекуваме уште еден напад на актуелниот негов личен и македонски рекорд и секако што подобар пласман на континенталниот шампионат.

