Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, му даде поддршка на играчот од средниот ред, Јулијан Брант.
Германскиот репрезентативец беше критикуван за неговите игри вклучително и за ремито против Лил во Лигата на шампионите. Тренерот на „милионерите“ призна дека Брант имал лош ден но, дека на неколку други натпревари покажал што може да направи.
„Реков што мислам за него неколку пати. Тој може да ја направи разликата и затоа ќе ја задржи позицијата“ – рече Ковач.

