Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, немаше објаснување за поразот од Бохум иако неговиот тим на „Алијанц Арена“ имаше предност од 2:0.
„Можеме да анализираме колку сакаме но, на крајот морам да преземам одговорност“, – изјави Белгиецот.
„Црвениот картон не може да послужи како изговор бидејќи водевме со 2:1 и моравме да победиме или барем да освоиме бод“ – рече Компани.

