Менаџерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, упати предупредување до Ливерпул пред реванш натпреварот од Лигата на шампионите утре на „Енфилд“. Момците на Арне Слот имаат предност од 1-0 од првиот натпревар во Париз претходно минатата недела, откако Харви Елиот го постигна единствениот гол на натпреварот на Паркот на принцовите, а Алисон Бекер ја заслужи наградата за играч на натпреварот за неговиот настап меѓу стативите.
Енрике верува дека победата над Рен ќе му даде дополнителна самодоверба на ПСЖ пред дуелот со Ливерпул. Шпанецот исто така упати предупредување до „црвените“.
„Мислам дека ќе бидеме во најдобра можна форма за натпреварот со Ливерпул. Немаме што да загубиме. Наша единствена цел е победата и тоа е она кон што одиме. Фудбалот дозволува изненадувања; вистина е дека бевме тажни по првиот натпревар, но како што ја анализиравме играта и откако го победивме Рен, кој е тежок противник, тоа нè прави да се надеваме уште повеќе. Повторувам, немаме што да загубиме, што не прави поопасен тим отколку што сме вообичаено“, заклучи Енрике.

