Фудбалерот на Милан, Лука Јовиќ, сигурно ќе биде ставен на трансфер-листата во текот на летото бидејќи за неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Италија и од Саудиска Арабија.
„Росонерите“ сакаа да се разделат со српскиот фудбалер во изминатото лето но, тој имаше желба да остане на „Сан Сиро“ и да се наметне за првиот состав. Сега Италијанците дефинитивно сакаат да го продадат.
Јовиќ има настапувано за Црвена Ѕвезда, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид, Бенфика и Фиорентина.

