Менаџерот на Интер, Симоне Инзаги размислува да го остави Лаутаро Мартинез на клупата за претстојниот реванш со Феенорд во Лигата на шампионите.
Нероаѕурите победија со 2-0 во првиот натпревар во Холандија и менаџерот може да го одмори аргентинскиот напаѓач кој вчера не тренираше. Инзаги може да им даде одмор и на Хакан Чалханоглу и Стефан де Фриј.
Мечот со Феенорд поради повреда сигурно ќе го пропуштат: Пјотр Зиелински, Федерико Димарко, Матео Дармијан и Никола Залевски.

