Предводникот на ПСЖ, Луис Енрике беше презадоволен од пласманот на неговата екипа во четвртфиналето на Лигата на шампионите и елиминацијата на Ливерпул.
„Покажавме дека сакаме да играме фудбал. Играме фудбал, без разлика на кој стадион се наоѓаме. Многу е убаво да се гледа овој тим“, изјави Енрике.
„Многу сум среќен бидејќи покажавме дека сме вистински тим. Тоа го кажувавме долго време, но сега одигравме многу добар натпревар и горди сме“, додаде Енрике.
„Нашиот менталитет е ваков – секогаш да се трудиме да бидеме најдобри. Беше многу тежок натпревар бидејќи Ливерпул е многу добар тим кој те притиска. Беше тешко да се задржи топката, но благодарение на нашиот менталитет и нашите квалитети успеавме да го добиеме натпреварот“, заврши Луис Енрике.

