Леандро Паредес го продолжи договорот со Рома. Новиот договор на 30-годишниот Аргентинец со римскиот клуб ќе биде до 30 јуни 2026 година.
Паредес играше за Рома во сезоните 2014/15 и 2016/17. Потоа замина и се врати во 2023 година.
Играчот од средниот ред одигра 129 натпревари за Рома и постигна 10 гола.

