Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс
    Фудбал

    Милевски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

    sasoBy saso12/03/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, денеска го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите против Лихтенштајн и Велс. На прес-конференцијата пред новинрите, тој ги искажа и своите очекувања од стартот на квалификациите за Светското првенство.

    „Списокот е тој, со играчите со кои го завршивме последниот циклус. Имаме еден дебитант, тоа е Лука Станковски, кој со своите игри заслужи да биде дел од националната селекција. Имавме успешна Лига на нации, успешни беа и квалификациите за СП 2022, а се надевам дека и сега ќе имаме успешен циклус. Имаме два сериозни ривала. Прво играме со Лихтенштајн. Нема лесни ривали и максимално ќе се фокусираме за тој меч. Потоа следува Велс, кој е редовен учесник на големите натпреварувања и мора да бидеме фокусирани. Секој меч е приказна за себе. На секој меч одиме на победа, но никој не може да предвиди што ќе се случи на теренот. Има позитивна промена кај дел од репрезентативците и тоа ме радува. Ме радува фактот што дел од играчите кои се носители на играта, направија добра промена на клупски план. Во фудбалот не постојат аутсајдери. Максимален респект кон секој ривал“, рече Милевски.

    Квалификациите за Светското првенство ги отвораме со дуел против Лихтенштајн на гостински терен на 22 март.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.