Нашите најдобри ракометари го забележаа и вториот пораз во квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2026 година. Тие денеска загубија на домашен терен од Словенија со 32-26.
Избраниците на селекторот, Кире Лазаров, добро го отворија мечот и заминаа на пауза со минимална предност 16:15. Сликата тотално се промени во вториот дел кога Словенија наметна брз експлозивен ракомет и успеа да направи одлична позитива со која ги освои бодовите. Кај нас Филип Кузмановски беше најефикасен со десет голови, Митев имаше пет додека Пешевски застана на четири.
Во вториот меч во нашата група Литванија славеше убедливо на теренот на Естонија со 30:20 и со 4 бодови се заврсти на второто место веднаш зад Словенија која има максимален ефект по три кола. Македонија сега е трета со 2 бода додека Естонија е закована на дното без бод.

