Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, филозофски го опиша поразот од Арсенал од 0-1, изразувајќи уверување дека неговиот тим продолжува да се движи во вистинската насока. Според него, и покрај негативата, „сините“ се претставиле добро и биле во натпреварот до крајот.
“Добро се боревме, бевме во игра. Арсенал постигна гол и штета што загубивме, но сепак мислам дека одиме во вистинската насока. Бевме во игра до крајот, немаше голема разлика меѓу двата тима. И покрај повредите, не прекинавме да се бориме до крајот”, изјави Мареска.
Тој вели дека и покрај поразот амбициите на Челзи да завршат во Топ 4 во Премиер лигата се отворени.

