Барселона синоќа направи неверојатен пресврт против Атлетико Мадрид, победувајќи со 4-2 на Метрополитано, иако заостануваше со 2:0 во првото полувреме. Победата беше исклучително важна за Каталонците, а тренерот Ханси Флик не го криеше задоволството од настапот на тимот.
„Одигравме добро, но во првото полувреме примивме два гола. И покрај тоа, тимот покажа одличен менталитет. Се боревме напорно и создадовме многу шанси. Среќен сум за тимот и за нашите навивачи”, изјави Флик по натпреварот.
Флик изрази благодарност до сите играчи кои влегоа од клупата и дадоа 100% од себе за пресвртот. Тој отворено најави дека Барселона има амбиции за освојување на Ла Лига.
„Ќе се бориме да ја освоиме титулата во Ла Лига. Тоа е нашата цел“, изјавил Флик.

