Барселона оваа сезона ќе има голема шанса да постави рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона. По победата од 4-2 над Атлетико, тимот на Ханси Флик веќе има 132 гола во 43 натпревари оваа сезона.
Најдобриот резултат меѓу сите шпански клубови и припаѓа на Барселона поставен во сезоната 2011/12. Тогаш тимот предводен од Пеп Гвардиола постигна 190 гола на 64 натпревари.

