Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во нашава земја.
„Невидена трагедија во Македонија. Сакам да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе му предложам на ФСС да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме евентуално да одиграме натпревар со нив во иднина. Секако, сето тоа би имало хуманитарен карактер. По нашите трагедии што ги имавме, ова е уште една – рече Стојковиќ на прес-конференција во Стара Пазова в пресрет на натпреварите со Австрија во баражот за останување во А дивизијата од Лигата на нации.
Ќе потсетиме во пожарот во Кочани загинаа 59 лица а повеќе од 150 се повредени.

