Екипата на Њукасл вчера го победи Ливерпул со 2:1 во финалето на Лига Купот на Англија со што го освои првиот голем трофеј по цели 70 години. Капитенот, Бруно Гимараеш, изјави, дека тоа бил најдобриот ден во неговиот живот.
„Нашиот успех е за сите навивачи. Тие заслужуваат се. Кога првпат дојдов реков дека сакам да го запишам моето име во историјата” – рече Бразилецот.
„Ова е мојата прва година како капитен и најдобриот ден во мојот живот. Неверојатно е. Сега Њукасл е како мој втор дом“ – рече Гимараеш.

