Фудбалската репрезентација на Македонија вчера се собра во Скопје, а според планот синоќа го одржа и првиот тренинг. Македонските репрезентативци предводени од селекторот Благоја Милевски го имаа првиот предизвик пред нив, а тоа е гостувањето во Вадуц кај Лихтенштајн, меч кој го играат во сабота.
Нашите репрезентативци синоќа го одржаа првиот тренинг, кој веројатно е најтажниот тренинг во поновата македонска историја.
Фудбалската федерација на Македонија на социјалните мрежи објави фотографија од пред стартот на тренингот, со порака:
Обединети во тагата!
Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Нивниот светол дух ќе живее во нас.
Нека почиваат во мир !
Македонска А репрезентација
Нашата репрезентација ќе биде гостин на Лихтенштајн на стартот на овие квалификации за СП, а веќе во вторник на националната срена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Велс.

