Напаѓачот Кевин Гамеиро објави крај на професионалната кариера на 37 години.
„Секој момент поминат на теренот ќе остане врежан во моето сеќавање, но најмногу во моето срце. Но, дојде време да го завршам ова прекрасно поглавје од мојот живот со гордост и голема носталгија. Страницата ќе се сврти, но љубовта кон фудбалот ќе остане засекогаш“, напиша фудбалерот на социјалната мрежа.
Последниот клуб на Гамеиро беше Стразбур, кој го напушти летото 2024 година.
Французинот има настапувано и за Лориент, ПСЖ, Севиља, Атлетико и Валенсија. Тој е четирикратен победник на Лига Европа, француски шампион и победник на шпанскиот куп. Во француската репрезентација Гамеиро имаше 13 настапи и постигна 3 гола.

