Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Терзиќ потврди дека ќе има хуманитарен меч меѓу Вардар и „црвено-белите“
    Фудбал

    Терзиќ потврди дека ќе има хуманитарен меч меѓу Вардар и „црвено-белите“

    risteBy riste18/03/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Генералниот директор на фудбалскиот состав, Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, потврди дека неговиот тим ќе одигра хуманитарен натпревар против Вардар во Скопје а приходот од истиот ќе биде за помош за семејствата на погодените од трагедијата во Кочани во која во пожар во ноќен клуб животот го загубија најмалку 59 лица.

    „Сите во Црвена Звезда се длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш стапивме во контакт со нашите играчки легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и се договоривме да одиграме хуманитарен натпревар. Ова е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време. Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, изјави Терзиќ.

    Најавениот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда треба да биде одигран на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на 16 април.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.