Големата трагедија во дискотеката во Кочани во која настрадаа 59 лица а преку 140 беа повредени, не ги остави рамнодушни спортските колективи низ светот во кои партиципираат нашите иселеници.
Меѓу последните што се огласи на социјалните мрежи е Македонскиот фудбалски клуб од Австралија, Рокдејл Илинден, кој објави ќе апелира до целата јавност да донира за поддршка на семејствата на настраданите во Кочани.
Рокдејл Илинден на постот на фејсбук нагласува, дека сите собрани парични средства ќе бидат донирани за најтешко погодените во несреќата и нивните семејства.

