Хрватскиот ветеран Лука Модриќ се надева дека ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона.
39-годишниот играч од средниот ред сака да го продолжи договорот со мадридскиот клуб на една година, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Актуелниот договор на Хрватот со Реал Мадрид е до 30 јуни 2025 година.
На 44 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, Модриќ има 4 гола и 7 асистенции за мадриѓаните.

