- Во пресрет на натпреварот Лихтенштајн -Македонија на 22. март во Вадуц, прв од квалификациите за Мундијалот во 2026 година, нашиот репрезентативец, Јован Манев, зборуваше за претстојниот предизвик и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.
Манев во изјавата за официјалниот сајт на ФФМ, со емоции истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас.

