Легендарниот фудбалер, Андрес Иниеста, се наврати на времето поминато во дресот на шпанскиот гигант, Барселона, кога тренер на Каталонците беше Пеп Гвaрдиола.
„Гвардиола стана наш тренер во 2008 година. Од самиот почеток почувствував дека ни претстои апсолутен успех. За мене лично, беше неверојатна вест. Чувствував огромна посветеност, убедување, неопислива мотивација“ – рече Иниеста.
„Пеп размислуваше за се, од одбраната и позициите во средниот ред до тоа што требаше да направат напаѓачите“ – рече поранешниот играч за врска на Барселона.

