Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, соопшти Аргентинската фудбалска федерација.
Најдобриот стрелец на Интер остана на клупата за резерви на реваншот од минатонеделната победа од осминафиналето на Лигата на шампионите над Феенорд со непријатност во мускулите.
27-годишниот фудбалер се врати во игра и постигна гол во победата на Интер од 2:0 во Серија А над Аталанта во неделата, пред да се приклучи на тимот на Лионел Скалони, но беше ослободен од таборот на Аргентинците поради повреда на левата тетива.
Мартинез се приклучува на големата листа на отсутни аргентински играчи, вклучувајќи го и капитенот Лионел Меси, кој нема да биде дел од тимот поради истегнување на мускулот, заедно со Гонзало Монтиел, Џовани Ло Селсо и Пауло Дибала.
Аргентина води во јужноамериканскиот квалификациски со 25 бода по 12 натпревари. Шампионот на Светското првенство и Копа Америка игра со второпласираниот Уругвај во петок пред да му биде домаќин на петтопласираниот Бразил четири дена подоцна.

