Нашата женска ракометна репрезентација ќе биде во групата 3 во квалификациите за Европското првенство во 2026 година заедно со Германија, Словенија и Белгија. Еве го изгледот на другите групи:
Група 1:
Франција, Хрватска, Косово, Финска
Група 2:
Холандија, Швајцарија, Италија, БИХ
Група 4:
Црна Гора, Исланд, Португалија, Фарски Острови
Група 5:
Шведска, Србија, Украина, Литванија
Група 6:
Шпанија, Австрија, Грција, Израел
Место на ЕП 2026 имаат Норвешка, Данска и Унгарија кои беа на првите три позиции на претходниот шампионат заедно со петте селекции кои ќе бидат ко-домаќини. Учество на континеталниот собир ќе обезбедат и првите две репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи заедно четирите најдобро третопласирани. ЕП 2026 ќе се одржи во пет земји: Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.

