Светската куќа на фудбалот – ФИФА, им забрани на три македонски екипи да прават трансфери.
Покрај Шкупи и Воска, кои и претходно се соочија со таква санкција, сега на листата е додаден и женскиот фудбалски клуб, Љуботен.
Одлуката на ФИФА се однесува на наредните три преодни рока. Истата е изречена поради долгови кон странски играчи.

