Репрезентација на Германија доцна синоќа со целосен пресврт успеа да ја совлада на гостински терен Италија со 2:1 во првиот меч од баражите во фудбалската Лига на Нации. Играчот на „панцирите“, Џамал Мусиала, потенцира дека пристапот во вториот дел бил решавачки за триумфот.
„Не беше лесно да се вратиме во игра и да победиме но, игравме на различен начин во вториот дел. Направивме неколку тактички промени во нападот“- рече Мусиала.
„Сепак ништо не е решено. Ќе мора да бидеме крајно внимателни на реваншот. Италија ќе сака да се одмазди за поразот“ – рече репрезентативецот на Германија.

