Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ зборуваше одиграниот реванш натпревар од 1/4 финалето на Лигата на нации на УЕФА со француската репрезентација (0:2, 4:5 пенали).
„Им честитам на Французите, тие беа посилен противник. Нашите момци дадоа се од себе. Не беше лесно да се вратиш во игра по три дена. Не сакавме да се браниме, но не принудија. Се боревме со сите сили, дадовме максимум, стигнавме до пенал рулетот, но немавме среќа во тој дел“, изјави Далиќ за официјалниот сајт на УЕФА.
Во првиот натпревар хрватската репрезентација победи со резултат 2:0. Головите ги постигнаа напаѓачот Анте Будимир и играчот од средниот ред Иван Перишиќ. Франција успеа да возврати на реваншот и да слави со 2:0, а со тоа да го однесе натпреварот во продолжение, а подоцна и до пенали.

