Македодонскиот прволигаш Шкупи, последниот тим за кого играше Андреј Лазаров, кој е една од жртвите во пожарот во Кочани, го повлечете дресот со број 77. Од клубот објавија дека неговиот договор ќе биде исплатен на семејството до истекот.
„ФК Шкупи донесе одлука да се повлече од користењето дресот со бројот 77, кој Андреј Лазаров го носеше до својата прерана смрт. Ова е многу мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот.
Исто така, клубот одлучи на неговото семејство да му бидат исплатени платите според договорот што Лазаров го имал со ФК Шкупи.
Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки на челниците се мал знак за почит на неговиот спомен“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.

