Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, беше задоволен од почетокот на неговата работа со тимот. Во првите два натпревари од светски квалификации, Англија остварија две победи – против Летонија (3:0) и Албанија (2:0).
„Имавме одлична недела на тренинг кампот и самиот натпревар беше добар. Сосема нормален, добар натпревар. Тоа не е нешто лудо или возбудливо, но нашите резултати се многу добри, со чисти голови. Има многу позитивни работи што треба да се пофалат, но има уште простор за подобрување, а тоа е добро”, изјави Тухел.
Англија синоќа пред својата публика ја совлада Летонија со 3:0 во квалификацискиот натпревар од групата К за Светското првенство во 2026 година.
„Не беше лесен натпревар. Ни требаше слободен удар за да го отвориме натпреварот. Задоволен сум од односот, енергијата и желбата.Во вториот дел почнавме да ја успоруваме играта и имавме помалку движења, што немаше смисла. Но вториот гол беше подобар. Ги охрабруваме сите да ги направат тие доцни забрзувања, но малку се мачевме до голот” додаде Тухел.
„Ми беше задоволство да ги менаџирам овие играчи, навистина уживав, па ќе ми недостигаат во наредните денови. Можеби изгледа чудно да се разбудам утре и да не видиш 26 играчи околу себе, но така функционира фудбалот на репрезентативно ниво“, заврши Тухел во својата изјава.

