Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: Треба да бидеме задоволни, но сепак останува горчината дека бевме близу до победа
    Фудбал

    Милевски: Треба да бидеме задоволни, но сепак останува горчината дека бевме близу до победа

    risteBy riste26/03/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата по натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и изрази задоволство од освоениот бод, со оглед на сериозноста на противникот и се што се случуваше на натпреварот.

    „Велс е исклучително сериозен тим, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги, Премиер лига и Лига 1. Беа агресивни, физички подготвени, но нашите фудбалери покажаа дека напредуваат со секој изминат натпревар, иако сметам дека уште малку ни фали за да се носиме со подобри репрезентации кои играат на топ-ниво. 

    Нема простор за големо разочарување, Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со силните селекции од стариот континент. Не би рекол дека се израдувавме прерано, примениот гол беше наша грешка, но има и такви моменти. Моравме да останеме фокусирани до самиот крај, но не верувам дека грешката дојде поради некаква еуфорија. 

    Мислам дека сите треба да бидеме горди, благодарност за големата поддршка од трибините, се надевам дека им возвративме на навивачите со нашата тактичка дисциплинираност и пожртвуваност. Да останеше 0-0, можеби ќе бевме позадоволни, вака останува горчината дека бевме многу близу до трите бода“, изјави Милевски.

    По две одиграни кола во овие квалификации, Македонија сепак останува лидер на табелата со вкупно четири бода, колку што има и Велс. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.