Селекторот на Велс, Крег Белами, застана во одбрана на фудбалерот, Џо Ален, кој доби критики поради грешката на вчерашниот квалификациски меч со Македонија одигран во Скопје.
Поранешниот репрезентативец на Велшаните, Ешли Вилијамс, го посочи 35-годишниот играч како главен виновник за примениот гол во судиското надополнување а критики пристигнаа и од други страни.
„Знам дека луѓето ќе речат дека тоа е грешка на Џо Ален но, јас му кажав да игра така. Погледнете ја неговата реакција, тој беше во состојба да застане на топката и да не се крие.
Се надевам дека еден ден ќе му изградат статуа“ – рече Белами за играчот на Свонси кој се реактивираше во репрезентацијата.

