Синоќа, Роберт Левандовски постигна гол за Барселона во победата од 3:0 над Осасуна и стана вториот играч на возраст од +36 години во 21 век кој постигнал повеќе од 20 голови во една сезона во топ 5 европските лиги.
Досега ова го имаше само Италијанецот Лука Тони, кој во сезоната 2014/15 постигна 22 гола за Верона во Серија А.
Речиси сигурно е дека Левандовски ќе излезе како единствен лидер на ова рангирање, бидејќи има уште многу натпревари до крајот на шпанското првенство.

