Плејмејкерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, би можел да се врати од повредата порано од очекуваното, а тимот е подготвен да ризикува на крајот од сезоната во борбата со лидерот Баерн Минхен за титулата во Бундеслигата.
Вирц пред четири недели се здоби со повреда на скочниот зглоб, но тренерот Чаби Алонсо призна дека лидерот на неговиот тим е блиску до враќање.
„Негавата состојба со зглобот е добра. Не сакаме да бидеме конзервативни, би сакале да ризикуваме“, рече Шпанецот. „Ако може да игра порано, ќе го преземеме тој ризик. Можеме да бидеме оптимисти дека ќе се врати порано од очекуваното“, рече тренерот.
Екипата на Баер Леверкузен ја започнува последната фаза од сезоната вечерва против Бохум. Евентуална победа би ја намалила разликата од лидерот Баерн на три бода барем еден ден пред мечот на Баварците со Сент Паули.
Алонсо ги нарече следните четири натпревари „клучни“. Сите играчи на Баер Леверкузен се вратија здрави од репрезентативните настапи.

