Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, се соочува со одредени проблеми во ростерот пред утрешниот меч со Удинез во новото коло во Серија „А“.
„Нероаѕурите“ кои се во трката за титулата ќе ги немаат на располагање: Лаутаро Мартинез, Дензел Дамфрис и Пјотр Зиелински. Тие не се појавија на вчерашниот тренинг.
Мартинез лекува стара повреда, Дамфрис има мускулен проблем на десната нога и ќе отсуствува од терените неколку недели. Зиелински веројатно нема да игра до крајот на наредниот месец.

