Нашиот тенисер, Калин Ивановски, влезе во финалето на турнирот во Опатија кој има награден фонд од 15.000 долари.
Тој денеска славеше против Михаел Врбенски со 2-1 откако ги доби првиот и третиот сет со 6:4 и 6:3. Ивановски утре ќе игра со Лука Микрут.
Хрватот денеска немаше тешка задача против Перез Контри и успеа да слави лесна победа со 2:0 во сетови.

