Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, не успеа да дојде до победничкиот пехар на силниот турнир во Опатија.
Тој денеска загуби во финалето од Хрватот, Лука Микрут со 2-0 во сетови. Првиот носител откако го доби воведниот сет со 6-3, во вториот по голема борба славеше со 7-6 во тај-брек.
Ивановски откако се рехабилитираше по тешката повреда, за прв пат успеа да стигне до финале на ИТФ фјучерс турнир.

