Фудбалерот, Килијан Мбапе, се изедначи со Кристијано Роналдо и Руд Ван Нистелрој по бројот на постигнати голови во дебитантската сезона во дресот на Реал Мадрид.
Французинот на мечот со Леганес одигран доцна синоќа на „Сантијаго Бернабе“, реализираше во два наврата и стигна до 33 голови со што застана рамо до рамо со Португалецот и Холанѓанецот. Рекордер е Иван Заморано, кој има постигнато 37 гола.
„Секогаш е добро да постигнете голови како што прави Кристијано. Знаеме што значи тој за Реал Мадрид и за мене“ – рече Мбапе кој во изминатото лето ги засили „кралевите“.

