Повеќе медиуми во Германија објавија дека легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, нема да добие продолжување на договорот што значи дека ја игра последната сезона во дресот на Баварците.
35-годишниот фудбалер кој е рекордер во историјата на германскиот состав, бил информиран за одлуката на клубот за време на репрезентативната пауза.
Милер целата кариера ја помина во Баерн. Тој е рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите, Бундес и Купот на Германија. Милер е трет стрелец во историјата на Баварците зад Герд Милер и Роберт Левандовски.

