Тренерот, Марко Розе, заработи отказ од екипата на РБ Лајпциг откако тимот по вчерашниот пораз од Борусија Менхенгладбах падна дури на 6-то место во Бундес-лигата.
Отказот очекувано доаѓа по катастрофалната серија со само две победи во последните 11 натпревари. РБ Лајцпиг в среда го очекува гостување кај Штудгарт во полуфиналето од Купот на Германија.
Засега нема потврда кој ќе ја преземе времено улогата на тренер. Лајпциг до крајот на сезоната го очекува и жестока битка за да обезбеди место во наредното издание во Лигата на шампионите.

