Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Педри, пренесува Ел Национал.
Пеп Гвардиола го стави 22-годишниот шпански фудбалер во списокот на потенцијални засилувања.
„Граѓаните“ наводно се подготвени да понудат околу 100 милиони евра за играчот поради евентуалното заминување на Кевин Де Бруин, но претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта нема да ја прифати оваа понуда.
Според изворот, Лапорта во приватен разговор рекол дека играчот нема да го напушти тимот доколку сам не го побара тоа. Во јануари 2025 година, Педри потпиша нов договор со каталонскиот клуб до летото 2030.

