Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез минатата сезона им исплатил 40 милиони евра на играчите како бонуси за постигнување успех, објави весникот Марка.
Според инфирмациите, играчите на „кралскиот клуб“ добиле 900 илјади евра за победата во финалето од минатата Лига на шампиони. Во тој натпревар Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-0.
Раководството на Реал Мадрид планира да им исплати значителни бонуси на играчите доколку успеат да го повторат успехот и оваа сезона. Некои од информациите велат дека „кралскиот клуб“ ќе исплати по 650 илјади евра за победа на Светското клупско првенство што ќе се одржи ова лето, а сериозна ќе биде и бонус политиката за освојување на Ла Лига и Лигата на шампионите. Оваа сезона бонусите за освоени трофеи во Реал (М) може да достигнат и 80 милиони евра.

