Голема тепачка остана во фокусот на ноќешните случувања во НБА лигата. Седум кошаркари беа исклучени на натпреварот Минесота – Детроит, а меѓу нив и поранешниот аргентински репрезентативец, а сега помошен тренер на „волците“ – Пабло Приџони.
На 8:36 минути пред крајот на втората четвртина, Наз Рид беше фаулиран од Рон Холанд и двајцата се степаа. Во тепачката се вклучија играчи и официјални лица од двата тима, а на крајот од тепачката дел од играчите завршија на трибините.
За Минесота, покрај Рид и Приџони, исфрлен беше и Донте ДиВинченцо, а за Детроит исклучувања добија тренерот Џеј Бикерстаф и играчите Холанд, Исаја Стјуарт и Маркус Сасер.

