Централниот бек на Марсеј, Леонардо Балерди, ги повреди лигаментите на коленото и ќе паузира неколку недели.
Проценките велат дека за него сезоната можеби ќе заврши предвреме, објави францускиот клуб. Аргентинецот беше редовно во првата постава и досега одигра 25 натпревари.
Поранешниот играч на Борусија (Дортмунд) се пресели на „ Велодром„ во 2021 година. Балерди има и шест настапи за репрезентацијата на „гаучосите“.

