Фудбалерот на Бурнмаут, Милош Керкез, веројатно во текот на летото ќе си замине од клубот, најавуваат медиумите во Англија.
За неговиот потпис се заинтересирани, Челзи, Ливерпул и уште неколку други екипи. 21-годишниот дефанзивец според проценките е многу блиску да замине на „Енфилд“ како замена за Александар-Арнолд кој во летото пред нас ќе оди во Реал Мадрид.
Керкез во сезонава има одиграно 29 натпревари со ефект од два гола и 5 асистенции. Бурнмаут за неговиот потпис ќе бара 45 милиони фунти.

