Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, откри дека дефанзивецот Фабијан Шер ќе потпише нов договор со клубот.
Актуелниот договор на 33-годишниот швајцарски репрезентативец истекува на крајот од оваа сезона, но се чини веројатно дека ќе го продолжи престојот на „Сент Џејмс Парк“.
„Се надевам дека Фаби ќе потпише нов договор ако веќе не потпишал“, рече Хау.
Шер, кој им се приклучи на Њукасл од Депортиво Ла Коруња во јули 2018 година, има 220 настапи за тимот во сите натпреварувања.
Дефанзивецот стартуваше во финалето на Лига купот со Ливерпул и им помогна на своите соиграчи да ја прекинат 70-годишната „суша“ без домашен трофеј.

