Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Во Манчестер Јунајтед се убедени дека може да го продадат Ентони за 47 милиони евра
    Фудбал

    Во Манчестер Јунајтед се убедени дека може да го продадат Ентони за 47 милиони евра

    risteBy riste01/04/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Јунајтед е уверен дека може да го продаде 25-годишниот крилен напаѓач Ентони за 40 милиони фунти (47,6 милиони евра) по неговите успешни настапи во Реал Бетис, каде што игра како позајмен играч.

    Оваа информација ја објавија медиумите во Манчестер, а според истите, за бразилскиот фудбалер интерес пројавуваат мадридски Атлетико, како и неколку клубови од италијанскиот шампионат. Бетис сака да ја продолжи позајмицата на Ентони на подолг период, но шпанскиот клуб е свесен дека тешко ќе ги исполни условите на „црвените ѓаволи“.

    Ентони му се приклучи на Бетис на позајмица минатиот јануари. Во овој период учествуваше на 12 натпревари на сите турнири, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 20 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.