Раководството на РБ Лајпциг со брза реакција најде замена за отпуштениот Марко Розе и на негово место денес го постави унгарскиот тренер, Золт Лев, кој ќе биде предводник на тимот до крајот на тековната сезона.
Золт Лев досега ја извршуваше улогата на одговорен за развојот на фудбалскиот и младинскиот сектор во клубот, а сега ќе го преземе првиот тим и доби договор до крајот на сезоната 2024/25. Новиот тренер веќе го одработи првиот тренинг со екипата која ќе ја подготвува за следните натпревари против Штутгарт во Купот и против Хофенхајм во Бундеслигата.
За Унгарецот Лев ова ќе биде прв тренерски ангажман во кариерата, а како фудбалер настапуваше за Ујпешт, Енерџи Котбус, Ханза Рошток, Хофенхајм и Мајнц. Според сето ова може да се заклучи дека Лев ќе биде само привремено решение, а РБ Лајпциг ќе бара нов тренер по завршувањето на сезоната.

