Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Каспер Шмајхел ќе мора да паузира наредните шест недели
    Фудбал

    Каспер Шмајхел ќе мора да паузира наредните шест недели

    risteBy riste02/04/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голманот Каспер Шмајхел би можел да биде надвор од терените до шест недели поради повреда на рамото, изјави менаџерот на Селтик Брендан Роџерс за клупската телевизија.

    „Добивме вести дека треба да биде надвор од терените во следните пет до шест недели. Тоа е она што беше споменато. Ќе го следиме од ден на ден, но временската рамка што беше дадена е околу тој период. Самиот Каспер не мисли дека тоа ќе биде толку долго, но тој сигурно нема да биде достапен во блиска иднина”, рече Роџерс.

    Репрезентативецот на Данска е уверен дека ќе биде подготвен на време за евентуалното финале на шкотскиот куп на 24 мај. Во негово отсуство, резервниот голман Вилијам Синисало имаше импресивно првенствено деби против Хартс, сочувајќи ја својата мрежа во победата од 3:0 на домашен терен.

    Шмајхел имаше силни болки кога незгодно падна за време на пресметката на Данска од Лигата на нации против Португалија во Лисабон претходно овој месец. Следниот ден, данскиот репрезентативен лекар Мортен Босен пријавил дека првите рендгенски снимки не покажале ништо загрижувачки.

    Селтик има уште два натпревари од регуларната сезона, а потоа и пет натпревари во плејофот во шкотската Премиер лига пред полуфиналето на Шкотскиот куп.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.